ВИДЕО: Македонски моторџии тргнаа да ја освојат најсеверната точка во Европа

Македонски мотоциклисти рано утрово тргнаа со своите мотори да ја освојата најсеверната точка во Европа – Кејп норт. Станува збор за мотоциклисти од најстариот македонски моторџики  клуб „Вардар“, за кој освојувањето на Кејп норт е исто како што за планинарите е искачувањето на Монт Еверест.

„Сакаме да ја освоиме најсеверната точка во Европа, а потоа ќе извозиме уште 2300 километри, малку на југ, за да стасаме на светското  Фим рели, кое годинава се одржува во Шведска“, рекоа пред тргнувањето мотоциклистите од мото-клубот „Вардар“.

Тие објснуваат дека Фим релито секоја година се одржува на различно место во светот и дека предизвикот е голем за да се освои добар пласман таму.

„Тројца моторџии одиме на ова рели и еден совозач. Се надеваме дека ќе успееме. Релито трае четири дена, па се враќаме дома. На релито се бориме за пласман, а се бодува така што се гледа со каков мотоцикл се доаѓа, колкава километража е помината, и тука очекуваме поени зошто доаѓаме од подалеку, плус се гледа колку возачи сме“, велат од мото-клубот „Вардар“.

Мото клубот „Вардар“ е најстар  моторџиски клуб кај нас. Се оформиле во 1978 година, а за догодина најавија прослава и јубилеј по повод 40 години од постоењето.

Scroll to Top