(Видео) Мими, ново име на фолк-сцената

Мими Јовановска е ново име на фолк-сцената во Македонија. Таа во моментов работи на својата втора песна, со која ќе настапи на фестивалот „Роса-фест“. Текстописец на оваа песна е Цаки од групата „Кисми“, а музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски.

Младата пејачка смета дека кариерата не треба да ја гради кариера со скандали и разголување, туку со добра музика. Таа за „Убавина и здравје“ изјавила дека сака на публиката да ѝ се наметне само со убави и квалитетни песни.

Таа соработува со бендот „Дакапо“, со кои наскоро ќе снимат видеоспотови за нејзините две песни.

Погледнете го видеото и слушнете како Мими ја пее „Кога те нема“ од Хелена Благне.

Scroll to Top