(Видео) Нина Јанева носталгична за 4Play

Пејачката Нина Јанева, една од членките на женската група „Фор плеј“, со носталгија се сети на 7 декември 2004 година, кога победија на изборот на соѕвездие на М2 продукција.

„Вечер на моите соништа. Пред толку години Сакине, Магдалена, Изабела и јас станавме 4Play и ексклузивци на М2 продукција. Мојата синхронизација со музиката започна. Ве сакам сите“, напиша таа на својот фејсбук-профил и во пораката ги додаде Дарко Димитров, Иво Јанковски и Тања и Митко Арнаудови кои беа членови на М2 продукција.

4Play е една од најуспешните женски бендови кај нас кои ги испеаја хитовите „Те молам не плачи“, „Кажи да на љубовта“ и други.

Scroll to Top