(Видео) Нова песна и спот на „Лајв бенд“

“Да си прашам за неа” е насловот на втората песна на момците од „Лајв бенд“, за која снимија и спот. Спотот е промовиран деновиве на „ЈуТјуб.“ Песната е поразлична од претходната и е во карактеристичен седум-осмински ритам.

„Автор на музиката е нашиот колега и член во групата, Роберт Ангеловски, кој успешно се впушта и во композиторските води, тематиката на текстот е љубовна, а го пишуваше Александар Стевановски. Спотот е снимен на повеќе локации низ градскиот парк во Скопје,“ велат момците од бендот.

Scroll to Top