(Видео) Петар Маркоски ја преработи Cheap Thrills на виолина

Охриѓанецот Петар Марковски на македонската публика ѝ е познат по учеството на изборот за ѕвезда на М2 продукција. Но, неговата прва љубов е виолината, не пеењето. Токму затоа овој музичар пред неколку месеци направи кавер-верзија на светскиот хит Despacito со виолина, а деновиве, поттикнат од позитивните коментари, сними кавер со виолина за песната на Сиа, Cheap Thrills.

„Виолина е дел од мојот живот, првиот инструмент кој ме внесе во светот на музиката. Во текот на годините направив музички преработки на странски песни на мојата гитара, продолжив со компонирање песни на македонски јазик, а во последно време ѝ се вратив на виолината. Сакав да ја покажам мојата друга страна преку еден од најемотивните инструменти“, рече Петар за Репортер.

Обработките со виолината се резултат на макотрпното вежбање за да ги подготви песните за пеење.

„Свирејќи, почнав да уживам во звукот и да размислувам за тоа да направам инструментална верзија на Despacito.  По консултации со блиските, на кои деноноќно им праќав демо верзии за да ми дадат совет, сфатив дека виолина треба да биде главниот инструмент“, додава тој. „Јас сум пејач но за да бидам целосен требаше да си дозволам да излезам од сигурната зона и да уживам во музиката на секој можен начин.“

Scroll to Top