ВИДЕО: Ристе Ристески го запали клубот „Арена“ во родниот крај на Кајмакоски

Нашиот популарен пејач и прв македонски победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески до раните утрински часови денеска ја забавуваше публиката во клубот „Арена“ во родното Мислешево на Даниел Кајмакоски.

Ристе емитуваше видео во живо на својот Фејсбук профил, а присутните гости во еден глас пееја со него и максимално уживаа во настапот.

Распеаната публика и огромниот интерес за неговите настапи потсетуваат на оние на големите балкански ѕвезди како Аца Лукас и Саша Ковачевиќ. Инаку Аца Лукас во една изјава за српските медиуми изрази голема заинтересираност за музичката кариера на Ристески, тие заедно настапуваа во Швајцарија, а наскоро можеби и ќе не изненадат со дует.

Scroll to Top