(Видео) „Само Тони и две жени“ ја преработија „Шуруп“

„Само Тони и две жени“ ја преработија песната „Шуруп“ што пред многу години ја испеа „Дуо трио“ („К-15“).

„Ова е уште еден проект што чекаше четири години да биде објавен“, напиша Антони на својот фејсбук-профил.

Тој ги повика сите свои пријатели да ја слушнат и да ја споделат песната ако им се допаѓа. А како звучи „Шуруп“ во изведба на „Само Тони и две жени“, можете да слушнете на линкот подолу.

Scroll to Top