Фолк-пејачката Сузана Спасовска напиша дека по 6 илјади искачени скалила се качи на Кинескиот ѕид, па запеа. Додека траеше перформансот на Сузе, воодушевените Кинези и туристи застануваа да ја слушнат песната на фолк-пејачката и ракоплескаа.
Видеото од песната што Сузе ја испеа на Кинескиот ѕид таа го сподели на својот фејсбук-профил.
Фолк-пејачката веќе подолго време е во Пекинг. Таа е чест гостин во оваа земја и една од ретките Македонци кои го учат и зборуваат кинескиот јазик.