(Видео) Тијана како првопласирана влезе во финалето на ТЛЗП

Вчеравечер во Белград се одржа полуфиналето на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, а нашата претставничка Тијана влезе во финалето. Таа имаше задача да ја имитира Пинк и нејзиниот настап од доделувањето на музичките награди „Билборд“, кога ја пееше песната Just Like Fire.

„Летањето ми беше најтешко да го совладам“, напиша во порака за „Репортер“ Тијана.

Победник во полуфиналето беше Бане Видаковиќ. Тијана, пак, имаше најмногу поени од жирито во вкупниот резултат. Таа освои и најмногу гласови од публиката, која првпат гласаше со смс-пораки. Тијана како првопласирана влегува во финалето што ќе се одржи следната недела, 17 декември, а таму ќе повтори еден од нејзините најдобри настапи од целата сезона.

Во финалето, покрај Тијана ќе настапат и Едита Арденовиќ, Стеван Анѓелковиќ, Леон и Драгана Миќаловиќ. Победникот на шоуто ќе освои 25.000 евра кои ќе ги донира во хуманитарни цели по свој избор.

(А.Ј)

Scroll to Top