(Видео) Виктор лут, пајак му го зеде прописно паркираниот автомобил

Музичарот Виктор Апостоловски е познат како човек кој секогаш го кажува тоа што го мисли. Откако пајак-службата му го кренала автомобилот којшто бил прописно паркиран, тој на својот фејсбук-профил објави видео во кое ги искажува лутината и револтот заради целата ситуација.

Виктор вели дека неговиот автомобил е земен само затоа што е со битолски таблички и дека ова не е првпат. Тој бил уредно паркиран, а автомобилите со скопски таблички кои биле паркирани на тротоарот близу него и понатаму стоеле на истото место – паркирани на тротоарот.

„Јас стварно не разбирам шо е проблемот… ми се има случено истава приказна едно милион пати од ко сум дојден во Скопје!… Да сум скршил закон… да сум напраил нешто грешно казнувај брате!!! Слободно!… ама ова стварно нема смисла! Шо добивате со ова?… Шо?!“ напиша Виктор.

Scroll to Top