(ВИДЕО) ВИСТИНАТА ЗА КЛИМАТСКОТО ОРУЖЈЕ HAARP! – Aмерика искрена, HAARP постои и ние господариме со времето

Новинарот на „Новости“, држејќи се само до познатите факти, направи многу квалитетен текст, за климатското оружје HAARP. Тоа е сериозен одговор насочен кон несериозните новинари, кои објавуваа текстови за HAARP, тврдејќи дека истиот немаат било каква врска со вештачката предизвикана климатска промена.

Текстот ви го пренесуваме во целост.

 

ПОЛУДЕ КЛИМАТА

Климата дефинитивно полуде! Некогаш се знаеше – во зима паѓа снег, во летото ќе биде топло, а ураганите не се случуваа во Европа… Правилата повеќе ги нема, а пролетта и есента како и да не постојат. Од зимата директно се транспортираме во жешкото лето, а од летото во суровата зима, која најчесто е без снег.

Ако заврне, тогаш тоа не е снег, туку лажно ѓубре, лавина и чудовиште… Експертите за сето тоа молчат, или не уверуваат едка временските прилики се „во граница на нормалата“.

Не треба да се биде експерт за да се сфати дека ништо повеќе не е нормално, и дека временските (не)прилики се потешко се поднесуваат. Некогаш само тешките метеропати, ги следеа сезонските промени, најчесто во есен или во пролет. Денеска ретко може да се пофалат со тоа дека добро се чувствуваат.

Промените повеќе не се сезонски, тие најчесто се – дневни, а на секои 15 дена, температурата дополнително расте или паѓа за 10 до 15 степени – и тоа изненадувачки, во рок од само неколку часа.

Додека надлежните најчесто молчат, или не уверуваат дека „нема причина за паника“, ги има се повеќе гласини за тоа дека „климата не е чиста работа“, а фејсбукпт е преполн со групации, кои расправаат за тоа како некои си поигруваат со временските прилики, на добар дел од планетата.

Своевремено, сите големи медиумски куќи, вниманието се насочуваат кон тврдењето и лансирање на социјалните мрежи, за таинственоста на антените, преку кои се делува на луѓето и климата… Како што тогаш се тврдело во селото Белјин, каде е сместен злогласниот систем, познат под името HAARP. Јавноста експлодираше – сите гледаа некакви антени и тоа секаде, и сите тврдеа дека тоа е истиот тој – HAARP.

Што е вистината? Дали навистина некаде во нашата околина сместени се уреди, преку кои се менува климата или нас не фатила масовна параноја? Дали е можно притискање на копчето, за да се предизвика дожд или суша?

Науката го дистгина нивото кое пред сто години беше тешко да се замисли. Денеска на сите им е јасно дека во тишината на лабораторијата, се менува нашиот свет, подрастично и од што политиката некогаш успеала да го направи тоа. Табу-темите повеќе не постојат. Тоа што се може – тоа и се работи. А одамна повеќе не е тајна дека е развиена технологија за манипулација на земјината атмосфера… Резултатот е, за жал, мошне видлив на секој чекор.

Кој управува со снегот и дождот?

Пред нешто повеќе од 20 години во (1993) Американската војска го започна проектот HAARP (скратеница од – High Frequency Active Auroral Research Program) во подрачјето Гакони на Аљаска. Според службените тврдења, HAARP, е создаден со цел да се „разбере, стимулира и контролира јоносферскиот процес кој може да ги промени перформансите комуникации и систем на надгледување“.

Едно многу наивно службено толкување за проектот, вели дека основна цел е проучувањето на поларната светлост – Аurore borealis!

Но, HAARP системот, зрачи во јоносферата со високофреквентна струја од три гигавати ефективна сила!
Во јавноста проектот е опишан како „Чисто истражувачка постројка, која не претставува никаква потенцијална опасност за противникот на САД и нема никаква вредност како воена мета“. Но, документите кои се појавуваат во јавноста, откриваат „малку“ поинаква приказна, така да, ги има се помалку, од оние кои веруваат во официјалните соопштенија.

НЕБЕСНА ГРЕАЛИЦА

Програмата HAARP се чини како низа на радиска опрема со огромна сила. Се простира на површина од неколку хектари, а овие моќни преносители, секојдневно во континуитет, испраќаат преку 3.000.000 волти. Тоа е 100 пати посилен преносител од било какви, приемници во Европа, како на пример оние кои ги користи BBC.

Сепак пулсната енергија која ја испраќа HAARP може да биде и повеќе од десет илјади пати посилна.

Сигналот на постројките на Аљаска е откриен во повеќе слоеви на атмосферата, на вистна меѓу 100 километри и 350 километри, каде потоа го апсорбира во јоносферата. Тоа е и прочина за благото загревање на подрачјето на големи висини, кои се протегаат на десетици километри. Всушност, може да се каже дека HAARP е огромна и прилично скапа географска ширина, во подрачјата на големи висини, каде постои природен проток на електрична струја низ јоносферата, која се поврзува пак со појавата на спектакуларната поларна светлост. Загревањето се менува со видливоста на јоносферата, и влијае на нејзината природна елетрична струја, а тоа е клучна работа во постоењето на програмата HAARP.

HAARP овозможува на научниците (и некои други профили) можност да се дофатат до предизвикувачот на атмосферскиот електрицитет и да го уклучуваат и исклучуваат како да е обична сијалица. Им овозможува и да го менуваат и да го модулираат природниот проток на нискофреквентни радио бранови, кои се емитираат во јоносферата.

Во загреаниот дел од јоносферата, исто така постојат џиновски, екстра нискофреквентни (ELF) радио сијалици. Американската војска и тоа како е заинтересирана за овој вид на сијалици, па HAARP е изграден со заеднички сили на Истражувачката лабораторија на военото воздухопловство, и одделото за поморско истражување на САД.

ДЕЛУВА И НА МОЗОКОТ

ЕLF брановите можат да продрат буквално низ секоја материја. Нормалните радио бранови не можат да продрат длабоко во водата, но ELF, можат. ELF радиото наскоро ќе стане средство за комуникација со нуклеарните подморници, кои крстарат во морското дно, така да HAARP нуди пренос на пораки од конвенционални радио сијалници и приемници. Тоа укажува на интересите и вмешаност на морнарицата на САД; примена на HAARP во комуникацијата е веќе документирана, но сите детали се чуваат под ознаката „Воена тајна“.

Притоа, ELF брановите продираат далеку подлабоко во тлото и карпите отколку радио брановите. Гео-радарот за истражување на тлото е прилично ограничен во длабочина, но системот кој го користат ELF брановите, може лесно да продре длабоко под површината на земјината кора и без исклучок да ги лоцира и да ги ифентификува сите подземни бункери и скривници.

Ова, повторно е подрачје кое веќе со години го проучува американското воздухопловство. Јавноста и понатаму има недостапни информации за резултатите од истражувањето.

HAARP може да се користи и за манипулација на климатските услови, тврдат независни истражувачи. Ефектот од загревањето се користи за да подоцна, суптилно, се измени зрачната струја и се создаде, масивен, кумулативен метеоролошки ефект над одредено подрачје, кое може да потрае со денови или недели.

ELF брановите, исто така побудеа и големо интересирање кај теоретичарите на завери, затоа што нивната фреквенција е многу блиска со природната фреквенција на мозочните бранови кај луѓето. Идејата е да ELF радиото се користи за контрола на човековиот ум, го става HAARP на прво место со потенцијален емитер на радио бранови за масовна контрола на човештвото.

Не постојат јасни докази кои би ја потврдиле вистината на оваа теорија, но токму поради недостигот на достапни информации за евентуалното влијание на ELF брановите на човечкото здравје, ваквата можност треба да се земе крајно сериозно во предвид.

ВАНДАЛСКИ ЧИН

Изградбата на предавателите за HAARP барало уништување на цела шума во недопрената дивина на Аљаска. Неговите 6 дизел генератори со јачина од 3600 коњски сили, согорува 95 тони дизел гориво дневно, создавајќи повеќе од седум тони отпад кој го загадува воздухот.

Треба да се има во предвид и тоа дека постои внатре и базен Купер Ривер, кој е еден од најзначајните миграциски коридори за птици на Аљаска.

Доколку некоја птица прелета, низ нискофреквентните електромагнетски зрак од 10 МHz, кој го произведува HAARP,  таа буквално ќе биде спржена!

Најблиските големи градови се Фарибанкс и Анцхораг. Во текот на последните две децении, изложеноста на луѓето на електормагнетското зрачење е поврзано со зачестената појава на умор, нервоза, губење на меморија, катаракта, леукемија, вродени деформитети, рак и промена на мозокот.

Додека владината студија за „биоефектите“, на зрачењето на проектот HAARP, заклучува дека „хроничната изложеност на електромагнетското зрачење“ не мора секогаш да биде штетна“, други валидни документи предупредуваат дека таквото зрачење е доволно моќно да предизвика експлозија на автомобил на автопат, оддалечен 400 метри од Гакона,  или да го прекине пејсмејкерот на патник во авион кој лета над областа (инаку, во зоната во која се наоѓа HAARP е забрането летање).

Пентагон веќе одлучи дека радио интерференците на HAARP се премногу силни за да постројките бидат лоцирани во близина на било кој воен објект.

Жителите на Аљаска се обидоа да се борат против HARP, а Чарлс Иток Едвардин Јуниор, поглаварот на племето Инупиат, изјави пред Собирот на Старци во КАСИГЛУК: „Многумина од нас се далеку од тоа да бидат среќни поради менувањето на атмосферата на планетата на која живееме. Не сакаме да бидеме ничии заморчиња!“.

Како одговор на сите жители на Аљаска, заменик секретарот на одбраната на САД во 1994 година, побарал зголемување на фондоите за проектот на HAARP, од пет милиони долари, на 75 милиони во 1996 година. Денес таа сметка изнесува – 10 милијарди долари!

Пресметката на Министерството за одбрана овозможува и потпроект во рамките на проектот HAARP со кој фокусираните зраци се враќаат од атмосферата назад на Земјата и „продираат низ поголемиот дел од северната хемисфера“ – всушност – претварајќи го HAARP во најмоќен светски рентген апарат.

Според извештајот на американскиот Сенат, тоа би „овозможило детекција на прецизвните локации, тунели и други подземни засолништа“.

Досегашното отсуство на таква технологија претставува сериозен недостаток во плановите за прецизните напади на зададените цели“.

ВЕСНИК АПОКАЛИПСА

Пензионираниот физичар од Универзитетот Принстон, доктор Ричард Вилијамс, прогласи такво крпење и калемење на јоносферата, како „крајно неодговорен чин на глобален вандализам“.

„Земјата поседува чувствителна рамнотежа и потреба, да доклку дојде до пореметување, таа рамнотежа да се обнови. Никој точно не знае како експриментирањето со јоносферата ќе влијае на рамнотежата, или што планетата ќе направи во обид да ја обнови нарушената рамнотежа“.

Ова зборови се изјавени од „пророкот“, доктор Росалие Бартел од Торонто, основачот на меѓународниот Институт за грижа во јавното здравје, коментирајќи го проектот HAARP.

Воениот документ говори дека намерата на проектот HAARP, е да се раскине дел од јоносферата, загревајќи ја со помош на моќни пулсирачки нискофреквентни радио бранови. Зрачењето кое би се одбило назад на површината на планетата, би било со екстремно ниски фреквенции и опсег.

Со намера да биде најмоќниот грејач на јоносферата кој некогаш е изграден, монументалните посторјки од проектот HAARP во Гакон, го прави поскап од 180 антени, од кои секој има предавател со сопствено напојување. HAARP, сепак е многу повеќе од обичен научноистражувачки проект.

Било кој нов вооружен систем во својата почетна фаза може да биде протолкуван како „чисто истражувачки проект“. Дури и поедини членови на Европскиот парламент се уплашени и речиси срамно ги подигаат загрижувачките гласови кон противникот. Истражувачот на полето на квантна електродинамика, доктор Ал Зиелински, ја отсликува апокалиптичната визија на светот, тврдејќи дека HAARP е технологија која може да послужи како причина за катастрофата од светски размери, што ќе придонесе до електромагнетни бранови во момент „кога ќе дојдат до интеракција со заштитниот слој на земјата и нејзиното гравитациско поле“.

Јоносферата се чини поприлично далеку, но сепак кога човекот ќе ја наруши, таа влијае и тоа како на секојдневниот живот. На пример, радио брановите се одбиваат во овој електричен енергетски штит кој се наоѓа токму над озонската обвивка. Јоносферата создава електрични активности, така да нејзиниот тек се заснова на нелинеарност. Тоа значи дека јоносферата е динамична и дека нејзините реакции на екприменти се непредвидливи.

Концептот на нелинеарност е важен за да се разбере големата загриженост на независните научници, затоа што нелинеарниот тек може да биде променет и изненадувачи и неочекувано, или целата сила на енергија може да се зголеми драматично.

Некои теоретичари како Зиелниски, тврдат дека нелинеарниот тек може под одредени околности, да исчури во позадина енергија од космосот, која исто така се нарекува и „нулта точка на флуктуација вакум“.

Така научните кругови веќе ги поставуваат прашањата поврзани за проектот HAARP – дали е средство кое го оправдува крајниот непредвидлив резултат? Дали е паметно да се буши дупка во земјиниот електричен чадор? Дали е паметно да се ремети природниот динамичен систем, без никакво предзнаење како системот ќе реагира?

НОРВЕШКИ ПРЕДИЗВИКУВАЧ

Во Норвешка, научната асоцијација EISCAT, управува со предавателите за загревање на јоносферата, кои се наоѓаат во близина на Тромс.

Карактеристиките се многу слични со програмата HAARP.

Службената цел на оваа научна институција е да ги проучува интеракциите меѓу Сонцето и Земјата со следење на пореметувањто во горните слоеви на атмосферата, кои предизвикуваат соларна активност, но, се разбира, оваа технологија може да се користи и за ист вид на злобни активности кои се припишуваат на програмата HAARP.

Интересно е дека EISCAT не привлече толкаво внимание како неговиот американски роднина HAARP. Тоа е уште поинтересно, ако се има на ум дека Скандинавците водат во светот во полесто на истражувањето на електромагнетското зрачење на луѓето и околината.

Негираа, па – признаа: Создадоа поларна светлост во Техас!

Проектот „Poker Fleet“ е покренат во 1968 година, и трае сеуште! Истражвачкото подрачје „Poker Fleet“, се наоѓа на околу 50 километри северно од градот Фарибанск на Аљаска. Главниот збор во „Poker Fleet“ го водат во Институтот за геофизија на Аљаска од Фарибанкс. под покровителство на НАСА.

Повеќе од 1250 ракети беа лансирани токму од ова место. Службената верзија говори дека целта на овој екперимент било „спознавање на хемиската реакција во атмосферата, но со проба на хемискиот модел за исфрлање на (CRM), лансиран од Чирчил, подрачјето на Манитоба – во текот на 1980 година.

Проектот WATERHOLE (Водена дупка) Брајан Велан успешно ја уништи auroru borealis и привремено го сопре нејзиното појавување.

Во февруари 1983 година, хемикалиите испуштени во јоносферата предизвикаа невообичаена појава на aurore borealis над Чурчил. Во март 1989 година, лансирани се четири ракети над Канада, испуштајќи бариј на големи височини и создавајќи вештачки облаци. Вештачките облаци над Чурчил, можеа да се видат од огромна далечина, дури и од Ново Мексико.

Имено, со помош на 15 метри високи антени , американската морнарица зрачеше сигнали од висок интезитет на горење на слоевите на атмосферата, создавајќи контролирани пореметувања на јоносферата. Уште пред 1992 година, морнарицата говореше за создавање на 19 километри долги антени на небото, за да произведе електромагнетни бранови на екстремно ниски фреквенции, за да би комуницирале со подморницата.

Уште една работа со овие експерименти е проучувањето на aurore borealis, кој некои ги нарекоа вистинска лабораториска плазма.

Спејс шатлите сега се во можност да создадат auroru borealis испуштајќи зрачни електрони.

Во текот на 10 ноември 1991 година, поларната светлост се појави на небото над Тексас, и за прв пат во историјата на оваа држава, можеа да ги видат и жителите оддалечени во државата Охајо, Јута, Небраска и Мисури. Небото беше обиечно со различни нијанси на боја, а поедини научници за тоа сметаат дека виновни се соларните активности.

Но, подоцна со излезените докази во јавност, многумина биле притиснати, и признаа дека во тоа време, јоносферата веројатно била исклучително ослабена, па електричните честички во судар со земјината атмосфера создале исклучителен видлив свет наречен зрачен сјај.

Овие честички, во нормални околности, на магнетската сила, земјата би ги привлекла на север, според магнетското поле на земјата.

Поларната светлост, како што се нарекува, aurora borealis, нормално се појавува во магнетното поле каде енергетските честички ги насочваат наведените магнетските линии на сили на нашата планета.

Темелните истражувања на јоносферските својства и карактеристики (BRIOCHE), само докажуваат дека HAARP се користи како облик на војување, или се корсити, за нешто што можете повеќе да го научите преку документарен филм од „History Channel“, кој нам ни дава на увид за можноста на менување, контролирање и посредување на влијанието на временските прилики кои моментално ги поседува најмоќната воена сила на светот.

Scroll to Top