Виктор Апостоловски најавува нова песна

Виктор Апостоловски наскоро ќе ја промовира новата песна „Во срцето“. Песната е рап, а тој е нејзин комплетен автор.

„Имав потреба да си ги истурам чувствата за ситуацијата што ми се случи неодамна, која ми се има случено и претходно, а за која се напишани и ‘Патетик’ и дел од Not on U… I’m allergi. Од таа ситуација излезе километарски текст кој немаше како да го раскажам, освен да го рецитирам“, откри Виктор за „Репортер“.

Песната, која е на македонски јазик, ќе биде промовирана следната недела.

„Отсекогаш сум ги изразувал чувствата низ песни, ама како да имав сопирачка. Овој пат нема сопирачка!“, додаде Виктор.

Scroll to Top