Виктор Филиповски е најдобар млад џез-музичар

Признанието Golden Oryx, што „Катар ервејс“ го доделува за достигнувања на полето на културата, годинава го доби Виктор Филиповски.

„Се надеваме дека оваа награда ќе му даде дополнителен поттик на Виктор да продолжи по одличната патека како и досега, но и дека ќе инспирира нови генерации џез-музичари во Македонија,“ изјави Алтај Шабан, директор на канцеларијата на „Катар ервејс“ во Скопје.

Виктор Филиповски е дипломец на отсекот џез на музичката академија на факултетот „Гоце Делчев” во Штип. Тој е најмлад инструктор вклучен во наставата по џез-тапани. Изминативе години е особено активен на македонската музичка сцена како тапанар во голем број состави. Тој свирел на албумите на „Фирс“, „Проект Орфеус“ и „Барбарела“, а редовно настапува со искусни домашни и регионални џез-имиња, меѓу кои Васил Хаџиманов и Тони Китановски.

 

Scroll to Top