Македонскиот актер Висар Вишка во серијата „На терапија“ го игра бизнисменот Гент. Тој, заедно со сопругата Зана, која ја игра Драгана Костадиновска, одат на советување кај д-р Терзиев за да си го спасат бракот кој западнал во криза. Вишка вели дека тој имал многу сличности со бизнисменот Гент и дека е најтешко е да се одиграат улоги кои се слични со сопствениот карактер.
Од снимањето на серијата има многу интересни случки, а открива и дека работел со прекрасна екипа, актери што навистина си ја сакаат работата. Серијата се снимала и на 40 Целзиусови степени, но тој и актерите успеале да го издржат темпото од утро до мрак.