Владо Јаневски ќе пее за светскиот ден на туризмот

Македонскиот музичар и текстописец Владо Јаневски ќе има концерт на 29 септември на платото пред Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Концертот почнува во 19 часот, а Владо ќе настапи со својот бенд. Публиката ќе може да ги слушне сите негови познати хитови, а неговиот настап е во чест на светскиот ден на туризмот. Концертот е во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Scroll to Top