Владо Јаневски со видео за песната „Последна заблуда“

Поп-пејачот Владо Јаневски го промовира видеото за песната „Последна заблуда“.

На промоцијата, на која присуствуваа голем број новинари и љубители на неговата музика, чаирскиот романтичар рече: „Оваа песна е посебна во многу аспекти и токму затоа заслужи да добие оригинален видеозапис“.

Песната е авторско дело на Јаневски, кој се потпишува на текстот и музиката, аранжманот е на Никша Братош, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски. Видеозаписот го изработи „Горила продукција“, а режисер е Горан Костадинов. За снимањето, што се реализира во Галичник и Маврово, беа ангажирани модели од модното студио „Црнокрак“, а Владо, како и неколку години претходно, не се појавува во спотот.

Scroll to Top