Влатко Стефановски со награда „11 Октомври“

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе ја добие годинашната награда „11 Октомври“. Влатко Стефановски, еден од основачите на „Леб и сол“ и поранешен државен уметник, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Вториот добитник на оваа награда во категоријата за животно дело во областа на науката и на образованието се доделува на историчарот проф. д-р Амет Шериф.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2017 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Scroll to Top