Водителката Јасна Стојаноска го отвора фестивалот „Охридски трубадури“

Реномираниот фестивал „Охридски трубадури“ во Охрид започнува денеска со фолк вечерта на која ќе настапат бројни фолк ѕвезди.

Отворањето на фестивалот и фолк вечерта ќе ги води црнокосата убавица Јасна Стојаноска која јавноста ја препознава од телевизиските екрани како водителка на забавни емисии, но и презентер на вести.

– За мене е голема чест и задоволство што ќе бидам дел од фестивалот. Ги поканувам сите љубители на музиката да дојдат и да уживаат во прекрасните композиции кои ќе бидат изведени на фолк вечерта, вели Стојаноска.

Јасна Стојаноска (29) својата телевизиска кариера ја започнала на 17 години во локалната охридската телевизија ТВМ каде водела емисија за македонска музика, а потоа продолжила во НТВ. Нејзината кариера почнува да расте кога станува дел од регионалната О2, каде гледачите од целиот регион имаат можност да ја запознаат оваа наша водителка. Таа беше новинар, презентер на вести и водител на повеќе едукативни емисии во телевизијата. Моментално работи во австралиската ИН ТВ каде води музички емисии и прави интервјуа со музичари од целиот регион.

Стојаноска имала можност да води културни манифестации во Охрид, промоции на филмови и меѓународни фестивали.

Scroll to Top