Втора кривична пријава за фолкерот Петар Нечовски

Осомничениот фолкер, Петар Нечовски утрово околу 7 часот повторно се обидел да го запали студиото на охридската продукција Ин. Покрај снимките од безбедносните камери, овој пат фолкерот е забележан и од сведоци.

– Пироманот денеска во 7 часот и 30 минути повторно е фатен со вреќа во раце за да го повтори делото, освен снимките, овој пат има и сведоци. Во моментот кога гледа дека го гледаат луѓе, ја остава вреќата и се прави дека снима пред објектот со телефон, а има забрана за движење во близина од еден километар од продукцијата. Случајот е пријавен во полиција и заработи уште една кривична пријава, вели Ване Петкоски од Ин продукција.

Како потсетување, охридската полиција неодамна го уапси, а потоа поднесе и кривична пријава против фолк-пејачот Петар Нечовски од Охрид поради подметнување пожар. Тој е осомничен за сторено кривично дело предизвикување општа опасност. Истрагата утврдила дека на 24 минатиот месец Нечовски по неуспешниот обид да оствари средба со еден музички новинар во продукција во Охрид, пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре. Пожарот навреме бил забележан и изгаснат.

Scroll to Top