За кого навиваше Фатиме Фетаи на мечот Македонија-Албанија?

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи вчера беше на трибините на стадионот „Младост“ во Струмица  да го гледа натпреварот Македонија-Албанија.

Како страсен навивач на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Фатиме открва дека ретко пропуштала фудбалсски натпревар на телевизија.

„Милан ми е во срце, иако во последниве години не е она што беше пред десет години и за него секогаш навивам. Преку малите екрани ретко пропуштам да следам натпревар. Сепак, чувството е поинакво кога си на трибини и оттаму навиваш, особено кога се бори твојата држава“, изјавила Фетаи за СДК.МК.

Натпреварот Македонија-Албанија се играше за квалификациите за Светското првенство во Русија следната година, а натпреварот завши нерешено, со резулат 1:1.

Scroll to Top