Загаден воздух за граѓаните, додека Стевчо дишел „швајцарски“ воздух во канцеларија

Новиот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев,  објави фотографии од скап прочистувач на воздух од швајцарската компанија IQAir кој бил набавен за просториите на поранешниот градоначалник  Стевчо Јакимовски.

Богоев ова го објави на Твитер. Тој напишал : „Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од “Швајцарски Алпи”.

Овие прочистувачи на воздух одамна се популарни кај нас, и всушност тие штитат од штетните последици на загадувањето, а ги има по цена од 1300 до 1600 евра.

 

Scroll to Top