Запален џипот на таткото на Боки 13

Ноќеска во 2 часот по полноќ, во населбата Тафталиџе изгоре џип „бмв“, во сопственост на таткото на Боки 13. Според сведоците, најпрвин се слушнала силна експлозија, а потоа бил забележан огнот. Возилото било паркирано пред семејната куќа на Боки 13, но со брза интервенција на противпожарното возило пожарот бил локализиран и не се проширил на куќите и на паркираните автомобили во негова близина.

Извршен е увид на самото место, но истражните органи засега не соопштуваат која е причината за опожарување на возилото.

Scroll to Top