Жарко Димитриоски и Нина Ангеловска први Македонци на листата на „Форбс“

Жарко Димитриоски и Нина Ангеловска се првите Македонци што се најдоа на листата на магазинот „Форбс“ во категоријата „30 под 30“. На оваа листа се наоѓаат млади од различни категории, а Жаре и Нина се во рангирани во категоријара најдобри и најветувачки претприемачи помлади од 30 години.

ТВ-водителот Жарко Димитриоски, познат по емисијата „Еден на еден“ заедно со својот брат е ко-основач на маркетинг агенцијата што го носи истото име. Компанијата постои од 2012 година, а денес има 25 вработени и работи маркетинг за бројни компании во Македонија.

Нина Ангеловска е ко-основач на „Групер“, прва македонска онлајн платформа за купување на зделки. Таа  компанијата ја основаше на 21 година, кога победи на национален натпревар со својот бизнис план. Во 2011 година, кога ја основаше компанијата, само 1% од Македонците купуваа онлајн. Денес „Групер“ има 170.000 регистрирани корисници.

Scroll to Top