Аднан: Ќе се вчудоневидите од убавината на споменикот што ќе го правиме

Вчера на социјалните мрежи се појави фотографија од несредениот гроб на кралицата на Ромската песна, Есма Реџпова – Теодосиевска, по што јавноста беше затекната од состојбата во која се наоѓа вечното почивалиште на Есма поради што следеа низа обвинувања дека е сосема запуштено. На ова реагираше внукот од брат на Есма, Аднан Реџепов од Германија.

Дел од јавноста ја обвинуваше државата за негрижа, бидејќи Есма беше Национален уметник на РМ, а други пак вината ја префрлаа на семејството, но и на децата кои Есма и Стево Теодосивески ги одгледале. За сите кои реагираа, Аднан дека да бидат трпеливи, бидејќи ги започнал преговорите за подигање на споменик, со фирма која изработува надгробни плочи и споменици на светски познати личности, пишува Фокус.

– Мојата тетка беше и засекогаш ќе остане во нашите срца, но ние Реџепови, а посебно јас, Аднан Реџеп, нејзниот сакан внук, ги замолувам сите нејзини фанови и цела Македонска јавност за малку трпение. Јас сум во преговори со една странска фирма, специјализирана за уникатни споменици на славни личности, која ќе биде одговорна за изградба на нејзиното вечно живеалиште. Мислам дека проектот е толку убав, што секој Есмин фан и обожавател ќе биде вчудоневиден од убавината и квалитетот на споменикот. Ви благодарам на сите што се сетивте и реагиравте, но уште еднаш ве молам за малку трпение, порача внукот на Есма.

Scroll to Top