Адријана Алачки почесен член на „Гулашијадата“ во Србија

Фолк-пејачката и позната готвачка Адријана Алачки летово го минува работно. Таа деновиве беше во Србија на популарната „Гулашијада Јесеново 2017 “ каде што стана почесен член на Асоцијацијата на готвачи во Србија. Адријана доби и признание, кое реши да го сподели на социјалните мрежи. На „Гулашијадата“ таа имала шанса да се запознае и да се дружи со врвни готвачи од Европа.

„Со крајно почитување на великанот на гастрономијата“, напишала Адријана за фотографијата со познатиот гастрошеф, Ѓорѓе Костиќ, кој работи во Москва, Русија.

Scroll to Top