Битолчани во музички транс со Соник

Светската музичарка Соник, вчера направи вистинска журка во Битола. Ги оправда очекувањата, на Белата ноќ во Битола. На широкиот сокак, битолчани учиваа во хотовите на британската пејачја и диџеј.

Пред Соник атмосферата ја загреваа диџеите  Рикардо, Андреј Ѓошев, Љубиша Милошевски. Специјални гости беа диџеј Робин Мастер и Микел Оутзен од Данска.

Музичкиот свет Соник ја препознава како еден од највозбудливите артисти на денс сцената со потполно автентичен звук. Нејзиниот интернационален мегахит „Ај фил соу гут“ во 2000-та беше број еден хит на најголемите светски листи.

Scroll to Top