Блејк Лавли и Меланија Трамп се облекоа исто

Костимите веќе одамна се дел од женската гардероба. Од деловна комбинација, па сè повеќе зеде замав и за други пригоди, така што жените во машки костими се доживуваат како исклучително секси.

Поим за сексапил се и дамите. И Блејк Лавли и Меланија Трамп се жени што не стравуваат модно да експериментираат, па честопати се на листите со најдобро облечени жени.

Токму тие две посегнаа по исто парче, се работи за кариран сив костим, со дворедно закопчување, од модната куќа „Ралф Лорен“.

 

Блејк Лавли неодамна го комбинира со класична бела кошула и вратоврска, а кога се обувките во прашање, се одлучи за лакирани чизми мартинки.

Меланија Трамп, пак, прва го облече овој костим од пролетната колкеција на брендот за 2018 година минатиот месец за време на говорот на Доналд Трамп во Обединатите нации.

Првата дама на САД го носеше во малку полежерна варијанта, со црна кошула не толку строго закопчана.

 

 

 

Scroll to Top