Џони Деп e новиот гитарист во бендот на Мерилин Менсон?

Рокерот Мерилин Менсон објави мистериозен твит, навестувајќи дека холивудскиот актер Џони Деп би можел да му се придружи на неговиот бенд.

Претходно Деп веќе учествуваше во проектот на Менсон и му помогна да ја сними песната „You’re So Vain“. Актерот се вклучи на тапани и гитара.

Менсон и Деп се најдобри пријатели, имаат исти тетоважи со стихови од Шарл Бодлер, гледаат заедно филмови и снимаат музички спотови. И покрај долгото пријателство меѓу Деп и рокерот, нивниот прв заеднички производ беше објавен во 2012 година.

Холивудскиот актер Џони Деп можеби ќе биде новиот гитарист на Мерилин Менсон. Ова рокерот го сподели во неговиот профил на Твитер.

„Џони Деп размислува да заземе позиција на гитара. Звучи одлично?“, пишува Мансон.

Медиумите претпоставуваат дека ова беше само начин Менсон да види што мислат фановите за ваквата соработка.

Реакциите беа поделени: обожавателите беа или ентузијасти или, пак, повторно го нападнаа Деп за насилството врз 23 години помладата бивша сопруга, глумицата Амбер Хрд.

Scroll to Top