Диџеј Дерик Меј го рекламира македонскиот зеленчук

Светскиот диџеј Дерик Меј на своите обожаватели им препорача да го пробаат македонскиот зеленчук. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографија од едно од своите гостувања во Скопје под која коментира за македонската храна.

„99,9 отсто од вас нема да дојдат во Скопје, но само да знаете дека на уште малку места на светот овошјето и зеленчукот растат толку големи. Дали некој сака домати?“ напишал светскиот диџеј под фотографијата. Интересни се коментарите за храна на неговите пријатели и фанови, кои му препорачаа да проба тавче-гравче или селско месо како врвни македонски специјалитети.

Scroll to Top