Директорката на Археолошкиот музеј без коментар по отвореното писмо на поранешен вработен

По вчерашното објавување на „Репортер.мк“ на писмото на Мартин Стефановски со наслов „Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО!“, во кој Стефановски кажува дека бил вработен под договор на определено работно време како музејски водич и едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија, но во исто време не се согласувал со политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека директорката на Археолошкиот музеј, Весела Честова, не му го продолжила договорот за работа, затоа што не бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, и не ги почитувал барањата на партијата, како тоа за присуство на нејзините митинзи за поддршка, и неодење на антивладини протести.

За ваквите обвинувања од Радио Слободна Европа побарале реакција од директорката Честова, но таа не одговорила на нивните повици.

Официјалната причина која на состанок им била соопштена на Стефановски и уште тројца вработени е дека се отпуштени поради недостаток на финансии. Стефановски додава дека во Музејот работи од неговото отворање, но за овие седум месеци земал само три плати.