Доаѓа снегот – најголем дел од Македонија ќе побели

Познатиот метеоролог Славчо Попоски кој речиси секогаш ја погодува временската прогноза во Македонија, на својот сајт meteomax.mk напиша дека вечерва ќе падне првиот снег кој ќе го побели скоро целата земја.

Според метеорологот, вечерва ќе почне да паѓа дожд најпрво во западните делови од државава, но тие во текот на ноќта ќе се прошират на целата земја. На повисоките места и на планините ќе се формира првата снежна покривка. Утре, пишува Славчо, ќе почне да дува силен ветер од север, ќе дојде до намалување на температурите и попладне снегот ќе почне да паѓа на најголемиот дел од Македонија.

На планините снежната покривка ќе достигне и 30см, а на пониските места од 10 до 15см.

 

Scroll to Top