Елена Велевска: Попусто ме озборуваат дека плаќам за да гостувам во бугарските тв-шоуа

Фолк-пејачката Елена Велеска, која веќе од одамна има потпишано договор со бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, сè почесто е гостин на телевизиските шоуа во Бугарија, а и медиумите на големо пишуваат за нејзината музичка кариера. „Ситуацијата во која се наоѓа македонската музика ме иницираше да си барам чаре. Во време невреме, кога ретко кој се одлучува да вложи, да сними нова песна, спот, не дозволив да не ја израдувам публиката со нов проект. Договорот што го потпишав со една од најдобрите балкански музички продукции ‘Пајнер’ е продолжување на мојата работа и ширење на македонската песна секаде низ Балканот“, вели Велевска.

Таа вели дека песната „Погледни ме за крај” и дуетот со Борис „Дали ќе си моја” поминале и повеќе од добро, а публиката одлично ги прифатила песните. „За ова говорат големите прегледи на јутуб и настапите кои ги имам низ Бугарија, што ме прави посебно среќна“, вели Елена.

Таа е свесна дека не е лесно да се освои друг музички пазар, сеедно за која земја од регионот станува збор. „Да не се лажеме, да се освои туѓ пазар е многу тешко, но со истрајност, вложување, секако дека ќе има успех. Јас добив отворена покана од ‘Гранд’ и бев гостинка во најгледаната емисија и одлично ме прифатија. Злобните јазици зборуваа дека сум платила за тоа, но морам да ги разочарам, нема ништо од тоа. Договорите со ‘Пајнер’ траеја кратко, и публиката веќе може да ги погледне моите спотови на ‘Планета’, големите прегледи на јутјуб говорат дека тоа е ок за почеток“, вели Елана. „Секогаш сум се трудела да бидам прва во сè, па така и овој пат. Но, не ми се допаѓаат зависта и љубомората на некои мои ‘колеги’ кои ми честитаат за успехот, но зад грб ме озборуваат. Ако си квалитетен, вложуваш, секаде ќе те прифатат. Со ниту едни пари не може да се купи љубовта на публиката која јас ја чувствувам веќе 22 години“.

А.Георгиев .

Scroll to Top