„Емотивен манипулатор“, нова книга на Ксенија Николова

„Емотивен манипулатор“ е називот на четвртата книга на писателката Ксенија Николова. Книгата, која е во издание на „Култура“, ќе ја има својата промоцијата идната среда, на 13 декември, од 19 часот во „Интермецо“. Промоцијата е отворена за сите.

„Ја подготвував книгата со голема љубов. ‘Емотивен манипулатор’ е приказна која додека ја пишував испиша во моето срце една мисла: ‘Научи да се радуваш, научи да се ослободиш од бесмислени прашања, научи да гледаш само напред, научи да се победиш самата себе, прости им на сите, прости си себеси, живеј“, ни рече Ксенија.

Таа додаде дека со нетрпение ја чека промоцијата за да ја подели својата инспирација со публиката, особено што ова е прва книга каде што пишува во женски род.

 

Scroll to Top