(Фото) Менди Мур од грдо пајче до лебед

Една од најбараните актерки во моментов, Менди Мур, ѕвездата на серијата „Ова сме ние“, со своите обожаватели сподели фотографија од која повеќето луѓе би се засрамиле – лоша фризура во стилот на ‘80те, големи уши, фиксна протеза, но прекрасна насмевка. Со оваа фотографија таа сака да им ја зголеми самодовербата на младите девојки ширум светот.

Под фотографијата Менди напиша: „Ги носев шест месеци и воопшто не ми помогнаа. Ама им се радував на црвените и сини гумички, изгледав необично.“

Се чини дека Менди успеа во намерата, бидејќи многу девојки оставија позитивни коментари за нејзиниот изглед и тогаш и денес. Некогашното грдо пајче стана лебед.

Scroll to Top