Холандскиот блуз музичар Јан Акерман со концерт во Скопје

Во четврток на 9 ноември со почеток во 22 часот во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи најпознатиот холандски и светски блуз музичар и гитарист Јан Акерман. Овој седумдесетгодишен музички гениј е добро познат на македонската публика и досега неколку пати има настапувано на скопската сцена. Како соло артист има соработувано со други големи светски музичари меѓу кои Би Би Кинг, Чарли Брд, Кози Пауел, Клаус Огерман и Ајс Ти, а голем дел од својата кариера ја помина и како член на бендовите како „Брејнбокс“ и „Фокус“.

Во своето музичко творештво од 60 години и повеќе има снименo повеќе албуми и настапи низ целиот свет. Неговата музика е создавање блуз надвор од класичните граници. Фузија на повеќе различни звуци. Настапот на Јан Акреман е во организација на концертната агенција и продукција „3 Гонга“.

Scroll to Top