Иван Босиљчиќ сака да добива рачно напишани писма

Српскиот актер Иван Босиљчиќ призна дека сака да добива рачно напишани писма, на хартија. Тој сака обожавателите да ги оценат неговите концерти, изведби, глумата, поетските рецитирања и да го споделат тоа со него.

„Немам фејсбук-профил, но имам домашна адреса. Уживам да добивам писма напишано на рака, адресирано до мене, во кои обожавателките и колешките ќе ми кажат сè што сакаат. Тоа е добро и во недостиг на музички  критики во медиумите, какви што одамна нема“, рекол актерот.

Од неодамна Босиљчиќ има инстаграм-профил, па вели дека со задоволство ги чита и пораките што ги добива таму.

Scroll to Top