Ивана Наскова го промовираше првиот роман

Телевизиската и радиоводителка Ивана Наскова вчеравечер го промовираше својот прв роман, „Совршениот странец“. Во присуство на семејството, блиски пријатели и соработници, Ивана која е и стенд-ап комичар, рече дека првпат во животот има трема.

„Не можам да најдам зборови за да ги опишам среќата и возбудата што ги чувствувам во моментов“, рече на промоцијата што се одржа во „Булеварот на книгите“.

Таа пред гостите прочита дел од својот роман и вети дека овој роман нема да биде последен. „Совршениот странец“ е во издание на Матица.

(А.Ј)

Scroll to Top