Ќерката на Синди Крафорд за првпат зачекори на модната писта

Каја Гербер, ќерката на топ-моделот Синди Крафорд, за првпат зачекори на модната писта, во рамките на Модната недела во Њујорк. 16-годишната Каја своето деби го имаше во модното шоу на Келвин Клајн.

Иако досега има снимено неколку реклами и едиторијали, ова е нејзино прво појавување на модните писти.

Нејзините родители, Синди Крафорд и Ренди Гербер, не беа во Њујорк да го проследат нејзиното деби, но Каја доби поддршка од нејзиниот постар брат Пресли, кој веќе неколку години активно се занимава со мода.

Scroll to Top