Кира Најтли, Ели Гоулдинг и Елизабет Харли во хуманитарна акција

Кира Најтли одговараше не на еден, туку на два телефонски повика одеднаш на традиционалната хуманитарна акција што се одржува секој 11 септември во Лондон, а во чест за жртвите од терористичкиот напад што се случи токму на тој ден во САД во 2000 година.

Овој пат на хуманитарниот настан, каде што се собираа средства за семејствата на починатите и им се оддаваше почит на над 700 загинати лица, освен Кира Најтли, присуствуваа и актерката Елизабет Харли и пејачката Ели Гоулдинг.

„Ви благодарам што ми дозволивте да се вклучам во оваа акција. Продолжете со извонредната работа“, напиша потоа Гоулдинг на својот Твитер-профил.

Scroll to Top