Ленче во досадна комбинација, Катица без хоризонтални украси, а за Фатиме, браво!

Дизајнерот Златко Јовановски денеска со модна критика за дамите од СЈО, Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи. Фотографијата е од една од многуте прес-конференции што ги одржаа специјалните јавни обвинителки во изминатиов период.

„Немам многу коментари за Ленче, проверена комбинација ама, за жал, досадна. Но, еве еден совет од мене, во ваква комбинација се носат впечатливи чевли“, сугерира Златко за стилот на Ристовска од СЈО. За Катица Јанева, пак, тој вели:„Катица е дама која знае да ги носи своите облини.

Ми се допаѓа сакото во светла боја. Сметам дека никако не смее да носи облека со хоризонтални украси и детали како што е случајот со коланот на сакото. Ѓерданот е непотребен во оваа комбинација“.

За специјалната обвинителка Фатиме Фетаи модниот гуру вели: „Фатиме изгледа одлично. Топ. Немам што да додадам или одземам. Браво“.

А.Г.

Scroll to Top