Летен тренинг на Наташа Малинкова  

Поп-пејачката Наташа Малинкова летово го минува и работно, но и во сала за вежбање. Таа секојдневно тренира за да го одржи телото во топ-форма, а неодамна сподели и фотографија на својот инстаграм-профил. Вели дека вежбањето не само што ѝ помага да изгледа убаво и ја исполнува, туку постојано тренира за да изгледа добро во бикини на плажа.„Се уште работам на телото за да облечам бикини„ напишала Малинкова под фотографијата.  Во моментот поп-пејачката е актуелна со песната „Еј, мамо“, која ја промовира во јули и за која сними и спот. Песната е на Столе Аврамов и е во модерен аренби-ритам. Малинова за септември најавува нова песна за која сега не сака ништо да открива.

 

Scroll to Top