Миранда од „Секот и градот“ кандидат за гувернер на Њујорк

Актерката од популарната американска серија “Сексот и градот” Синтија Никсон сакала да се  кандидира за гувернер Њујорк, пишува “Волстрит џурнал”.Според информација на весникот 51-годишната актерка која ја играше адвокатката Миранда може да ја добие поддршката на либералните политички сили. Во 2013 таа учествуваше во изборниот штаб на актуелниот градоначалник на Њујорк Бил де Блазио.

“Таа е нестандардна кандидатка со широки можности, која ќе ги инспирира луѓето”, вели директорот на Унијата за квалитетно образование (Alliance for Quality Education) Бил Јистон.

Други можни кандидати за функцијата се градоначалникот на град Сиракуз Стефани Мајнер и поранешниот сенатор Тери Гибсон. Сегашниот гувернер на државата Ендрју Куомо планира да се кандидира за трет мандат.

Scroll to Top