Нигеријки ќе бидат прв африкански боб тим на ЗОИ

 

Три неверојатни жени се на чекор од креирање на нова историја на Олимписките игри. Женскиот нигериски боб тим составен од Seun Adigun, Ngozi Onwumere и Akuoma Omeoga замина за Јужна Кореја за да настапи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Нивното појавување таму ќе биде историско, затоа што овие дами се првите африкански натпреварувачи кои се натпреваруваат во боб на ЗОИ.

„Ова е голема пресвртница за спортот во Нигерија“, вели Adigun, која на ЛОИ во Лондон 2012 година се појави како атлетичарка и се натпреваруваше на 100 метри со пречки.

„Ништо не ме прави толку горда, како фактот дека јас можам да дадам мал придонес во создавањето на можности за зимски спортови во мојата земја. Нашата цел сега е да бидеме што позастапени на ЗОИ“, додава таа.

Идејата за настаоп на ЗОИ во Пјонгчанг се родила минатата година, како дел од кампањата GoFundMe, која беше покрената за да се покријат трошоците од околу 75.000 долари за настап на олимписките квалификации. Пет квалификациски трки подоцна, овие три девојки обезбедија пат кон Ј. Кореја.

„Нивната напорната работа е инспиративна и се надевам дека Нигеријците треба да го ценат ова што овие девојки го направија за оваа земја“, вели претседателот на Боб и Скелетон Федерацијата на Нигерија, Solomon Ogba.

Scroll to Top