Орландо Блум и Кети Пери повторно заедно

Веста дека познатиот актер Орландо Блум и пејачката Кети Пери раскинаа во март минатата година беше изненадување за многумина, но двајцата не можеа премногу долго да издржат еден без друг и повторно се заедно.

Пејачката и актерот во периодот кога раскинаа си префрлаа еден на друг преку социјалните мрежи, нешто што стана забава за фановите. Но, се чини дека потоа преминаа на конкретни потези и, како што наведува извор близок до двојката,  се смирија.

„Повторно се заедно. Кети сака работите да профункционираат како што треба“, изјави еден нејзин пријател и откри дека ново-старата двојка нема за цел својот однос да  го изложува во јавност.

Да потсетиме, Пери беше две години во брак со Расел Брандо, а Блум од бракот со манекенката Миранда Кер има седумгодишен син.

Scroll to Top