Песничката „Ринге, ринге, раја“ е измислена заради чумата

Приказната за песната „Ринге, ринге, раја“ , која со децении е популарна меѓу децата и возрасните, настанала во 17 век во Лондон и се однесувала на чумата – опасна болест која однела многу животи. Зборот ринг на англиски јазик значи прстен или круг, a ринг оф роузес значи прстен од рози, кој ги означува првите симптоми на чумата, црвеникави кругови кои се појавувале на кожата. Во англиската верзија не се спомнува ниту чичко Пајо ниту јајца или, пак, чучнување, туку станува збор за опасна болест која зема детски животи. Затоа во текстот преведен од англиски се пее: „прстен од рози, џеб полн со букетчиња, кивање, сите паѓаме“

Песната изворно звучи вака:

 

Првата строфа на детската песничка говори за болеста и умирањето, а втората строфа за лекот. Во песната се споменуваат два цвета – роза и жабји цвет. Првиот ги претставува симптомите на чумата, вториот се користел како лек против болести.

Песничката се пеела слично како кај нас, децата се фаќале за раце и правеле круг околу едно дете, играле околу него и ја пееле песната. Симболично детето во средината ја претставувало личноста заболена од чума. Подоцна низ годините песната претрпела многу нови верзии и сосема поинакво значење.

Кај нас песната се пее вака:

 

 

 

Scroll to Top