По 10 години, „Морал“ со нов албум

По повеќе од 10 години групата „Морал“, конечно, ќе промовира  албум, кој ќе го носи името „Coffeine Blues”. Промоцијата ќе биде на 19 октомври со почеток во 20 часот во „Пивница Стар Град“ на Кале.

 

Албумот е сниман во повеќе наврати низ годиниве во разни скопски студија, а го снимаше истата постава на „Морал” што го сними и албумот „Кога патувам”.

И на новиот албум како и на претходниот работеа Ивица Јорданов на гитара, Влатко Илиевски е вокалот, Сашо Ангелов на тапани и Славчо Стојановски на бас. Иако е задржан карактеристичниот рок стил, песните од новиот албум се на свој начин различни. Гости на албумот се Маринковиќ Слаткар, Тамара Тодевска и Игор Џамбазов.

Scroll to Top