Почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“

Основачот на магазинот „Плејбој“ Хју Хефнер почина на 91 годишна возраст од природна смрт опкружен од семејството.

Магазинот „Плејбој“ го покрена во 1953 година, а во седумдесетите години тој достигна тираж од над седум милиони.

Списанието е познато и по сериозните авторски текстови и карикатури, отстапувајќи простор за писатели како Сол Белоу, Владимир Набоков, Артур Кларк и Маргарет Атвуд.

Scroll to Top