Рег’ен’боун мен доаѓа во Скопје

На 11 мај 2018 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе настапи Рег’ен’боун мен, еден од најактуелните и најбарани светски музичари во моментот.

Рег’ен’боун мен е добитник на многубројни награди, а в година ќе одржи голема европска турнеја во која ќе бидат вклучени 20 земји, меѓу кои и Македонија. Овој музичар неодамна го издаде својот деби-албум Human, кој уште во првата недела се продаде во над 117.000 примероци и стана најбргу продаван деби-албум од музички изведувач на деценијата.

Со најавата за овој и со концертот на Тото, „Авалон продукција“ ја започнаа најавата за следната концертна сезона и прослава на големиот јубилеј – 25 години од нивното постоење.

Scroll to Top