Секси шпага на амбасадорот од Изрел во Македонија  

Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан, постојано изненадува со својата еластичност. Тој направи машка шпага во вежбалница, па фотографијата ја сподели на социјалните мрежи. Ама не е само шпагата негов фах туку и стоењето на раце.

Тој неодамна по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“ каде што направи стој на раце.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан тогаш.

И сега ги собра симпатиите откако покажа колку е еластичен.

Scroll to Top