Серена Вилијамс објави фотографија со ќерката

Тенисерката Серена Вилијамс само неколку недели по породувањето сподели фотографија од својата ќеркичка на „Инстаграм“.

„Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан Јуниор!“, напиша таа под фотографијата, со што го објави и името на девојчето. Таа додаде дека Алексис имала 3 килограми кога се родила и дека мајката и ќерката поминале шест дена во болница пред да си заминат дома.

Scroll to Top